Не се за сите милионите најважни: Обамејанг избега од Саудиска Арабија

Габонецот Пјер-Емерик Обамејанг по само една сезона помината во Саудиска Арабија во редовите на Ал-Кадсија се врати во Европа и тоа во Марсеј со кој потпиша договор на две години.

Зад себе Обамејанг има солидна сезона во првенството на Саудиска Арабија во кое на 36 настапи постигна 21 гол, но неодамна во договор со раководството ја раскина соработката.

За Обамејанг ова е враќање во Марсеј каде што настапуваше во сезоната 2023/2024. Во таа сезона Габонецот посигна 30 голови и додаде 11 асистенции на 51 натпревар во сите натпреварувања.

Со Марсеј Обамејанг ќе има можност да настапува и во Лигата на шампионите. Низ кариерата Обамејанг го носеше дресот уште на: Арсенал, Барселона, Борусија Дортмунд, Сент-Етјен, Монако, Лил, Дижон и Челси.