Maкедонија ќе биде домаќин на Мундијал - најдобрите млади ракометари доѓаат во Скопје!
Станува збор за натпреварување на кое ќе настапт најдобрите млади ракометари во светот.
„Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.
Воедно, изразуваме благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување“, соопштија од федерацијата.
Турниот е закажан за 23 јуни и ќе се трае до 4 јули 2027 година.