Тенисерка среде ноќ добил шокантна закана со пиштол: Утре мораш за изгубиш!
Дваесет и седумгодишната Стефанини, која во моментов е 138. тенисерка на светската ранг-листа, во првото коло од квалификациите се соочи со Викторија Хименез Касинцева. Но, наместо вообичаена подготовка за дуелот, таа ноќта ја поминала во страв.
Непознато лице ѝ испратило порака преку мобилна апликација, во која ѝ се заканувало не само нејзе, туку и на нејзиното семејство. Во пораката биле споменати нејзините родители, па дури и местото каде што е родена, а како дополнителен притисок била додадена и фотографија од пиштол со барање да го загуби натпреварот.
Стефанини излезе на терен и го доби првиот сет со 6-4, но потоа ги загуби следните два со идентични 6-4 и беше елиминирана од квалификациите.
„Околу еден час по полноќ добив порака. Во неа ми се закануваа дека не смеам да победам, ги спомнуваа моите родители и местото каде што сум родена, а ми испратија и слика од пиштол. Сѐ пријавив во ВТА, од каде што ми организираа превоз со придружба за да се чувствувам безбедно. Што се однесува до мечот, се борев до последниот поен. Пораките ги пријавив и во полиција“, изјави Стефанини.
Фото: EPA