Ракометарките сакаат победа над Белгија, борбеноста ќе биде клучна!
Вечерашниот натпревар го играме на гостински терен, а една од нашите најдобри ракометарки, Ива Младеновска смета дека клучна може да биде борбеноста.
„Клучот за денешниот натпревар според мене ќе биде борбеноста, мораме многу да се бориме, ова е важен натпревар за нас, како овој, така и вториот натпревар во Куманово. Важно е да дадеме се од себе, сигурна сум во тоа, мораме да имаме и добра одбрана за да одиме на победа“.
Дека во репрезентацијата атмосферата е позитивна потврди и Андреа Седлоска.
„Атмосферата е позитивна и со нетрпение го чекаме натпреварот.
Борјана Коцевска освен што ги повика навивачите да навиваат пред малите екрани, потсети и дека за три дена ќе играме дома против Белгија во Куманово.
„Се надеваме успех и ве покануваме вечерва пред малите екрани да ја дадете вашата подршка, но и на следниот натпревар во Куманово да бидете наш осми играч“.
Натпреварот вечерва се игра во терминот од 20:10 часот, Белгија како и ние запиша два порази во првите две средби со Словенија и Германија.