Скопје експлодира за Србинот: Бојковиќ со пеколен десен директ до титула во ФНЦ (ВИДЕО)
Уште при самото излегување на борците, скопската публика застана на страната на Бојковиќ, давајќи му огромна поддршка во неговиот поход кон шампионската титула. Самата борба започна претпазливо од двете страни. Ескијев прв се обиде да нападне и успеа да зададе еден удар, по што Бојковиќ одговори со добар зафат. Веднаш потоа следуваше клучниот момент на натпреварот. Српскиот борец примени поинаков гард и трпеливо го дочека својот противник, по што пласираше силен и прецизен удар со десната рака кој резултираше со тежок нокаут кој Ескијев долго ќе го памети.
Судијата мораше експресно да ја прекине пресметката и да го прогласи Бојковиќ за нов владетел во лесната категорија на ФНЦ.