Хаос на ФНЦ 34: Грци во македонски маички тргнаа да се тепаат со публиката во Скопје (ВИДЕО)
Според првичните информации, немилиот настан го предизвикале лица кои се дел од таборот на грчкиот ММА борец Анастасиос Хацигеоргиадис, кои биле облечени во „македонски маички“. Според правилата, едниот тим мора да настапи во иста црвена опрема, која во Скопје е своевидна реплика на македонското знаме, додека другиот во сина опрема.
Инцидентот се случил во рамките на настанот каде што грчкиот натпреварувач се соочува со својот противник Георге Балаур. На видеоснимките од арената се забележува исклучително тензична ситуација и собир на поголема група лица покрај заштитната ограда која ги дели трибините од просторот предвиден за натпреварување.
Засега нема официјална потврда од организаторите или надлежните служби за точните околности кои довеле до ескалација на инцидентот, ниту пак има прецизни информации за евентуално повредени лица во метежот.