Поранешен селектор на Македонија бил физички нападнат по натпревар во Куманово!?

Тренер на кошаркарски клуб од Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат по завршувањето на натпревар одигран во спортска сала во Куманово.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, вечерта во неделата (2 март) се обратил Г.А. (46) од Скопје, кој во пријавата навел дека по натпреварот бил нападнат од лицето Б.С. (66) од Куманово. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Неофицијално, станува збор за поранешниот младински селектор, Горан Андреевски, кој работи како тренер во екипата на Водно Санс. Токму овој тим во неделата му гостуваше на тимот на МКК Куманово во конкуренција на кошаркари до 20 години.