„Ако Вардар постигнеше гол од првата шанса, можеби резултатот ќе беше друг“

Eкипата на Вардар претрпе тежок пораз на гости кај Лозана со 5-0 и така го заврши настапот во квалификациите за Конференциската лига.

Вардар имаше прилика да израмни веднаш по примениот гол во 15. минута, но прво Мато, а потоа и Омерагиќ не реализираа. Според стратегот на швајцарскиот тим, Питер Цајдлер, работите можеле да бидат поинакви, ако Вардар постигнел гол во таа прилика.

„Вардар имаше голема шанса и ако постигнеше гол во тие моменти, резултатот можеше да биде поинаков. Бев подготвен на реакција од ривалот, но немаше ништо. По четвртиот гол веќе бевме ослободени и игравме полесно. Голманот реагираше одлично, да не го одбранеше тоа, ќе беше друго. Вардар е добра екипа, знае да игра фудбал. Ние игравме на домашен терен и по првиот гол се тргна во наша полза. Сепак, Вардар е добра екипа и денеска не загуби затоа што е лош, ние продолжуваме понатаму и не се плашиме од никого“, изјви Цајдлер.

Противник на Астана во следното коло ќе биде Астана од Казахстан.