Крик на очајник: Гвардиола тврди дека резултатот не е реален
„Граѓаните“ загубија со 0-3 на „Сантијаго Бернабе“, по хет-трикот на Федерико Валверде во првото полувреме, додека во вториот дел Винисиус промаши пенал.
„Резултатот е катастрофален, но сепак има уште 90 минути. Во првото полувреме противникот три пати дојде до нашиот гол и постигна три гола благодарение на својата класа. Реал секогаш игра опасно во контранапад. Нашата игра не беше толку лоша како што покажува резултатот. Ќе се обидеме да создадеме добра динамика во реваншот“, коментираше Гвардиола.
И претходните две години Сити беше елиминиран од Реал во Лигата на шампионите, но сега се очекуваше нешто подобра игра поради кризата со повредени играчи во која се наоѓа шпанскиот клуб и неиграњето на неколку клучни играчи.