Ѓоковиќ најде оправдување за поразот во Индијан Велс: Ме болеше стомак и тешко дишев!
Српскиот тенисер го доби првиот сет и во еден момент изгледаше дека ја има психолошката предност, но во продолжението не успеа да го задржи ритамот. По мечот призна дека се соочил со физички проблеми, кои влијаеле на неговата игра.
„Многу ме болеше стомакот. Тоа ми предизвика проблеми и со дишењето. Не би сакал сега да зборувам премногу за тоа. Секако дека има болка по ваков пораз – еден поен, неколку удари. Не ја знаев статистиката дека освоив еден поен повеќе од противникот, но разочарувањето останува. Се вратив во натпреварот, публиката беше одлична, ова беше мојот најдобар меч на турнирот. Кога ќе го премоташ филмот, човек секогаш е попаметен по борбата. Сум имал многу вакви победи и порази, така што одиме понатаму“, изјави Ѓоковиќ.
Со овој пораз, српскиот ас го заврши настапот на турнирот во Калифорнија, бидејќи претходно заедно со Стефанос Циципас беше елиминиран и во конкуренција на двојки.
ФОТО: EPA PHOTO