Алкараз-експрес „меле“ во Калифорнија

Најдобриот светски тенисер во моментов Карлос Алкараз го победи Каспер Руд во два сета на Индијан Велс (6-1, 7-6).

Како одминува турнирот во Калифорнија, Шпанецот игра се подобро што се гледа и по резултатите. Го доби првиот сет со 6-1 за само 38 минути игра, а потоа Руне се погрижи барем малку да има неизвесност на овој меч.

Вториот сет беше значително поинаков. Беше обележан со кратки гемови во кои само еднаш имаше 40-40, па победникот се решаваше во тај брејкот Алкараз беше доминантен, Не му даде никаква надеж на Руд и го реши мечот со 7-2.

Ривал на Шпанецот во четвртфиналето ќе биде Британецот Камерон Нори. Тој е 27. носител на турнирот, а го елиминираше Хиџиката со 2-0.