Фудбалер на Челси „нокаутира“ собирач на топки, па му се извини – 35 пати (ВИДЕО)
Лондонци двапати се враќаа во натпреварот и успеваа да израмни, а во еден момент дури постигна и гол за 3-3, кој по интервенција на ВАР беше поништен. Во самиот финиш, кога нервите веќе беа на работ, дојде и до инцидент покрај аут-линијата. При водство на ПСЖ со 4-2, фудбалерот на Челси, Педро Нето, брзаше да ја врати топката во игра, но во тоа го спречи собирачот на топки, кој во првиот момент не сакаше веднаш да му ја подаде.
Португалецот реагираше нервозно и го оттурна момчето, кое потоа падна на тревникот и остана да лежи. Сцената предизвика бурна реакција на трибините, а навивачите бараа барем јавна опомена за Нето, но судискиот тим не го казни. Крилниот напаѓач на Челси подоцна му го подари и својот дрес на собирачот на топки, а потоа јавно се извини пред камерите.
„Сакам да се извинам. Веќе разговарав со него. Тоа беше во жарот на моментот. Губевме и сакав побрзо да ја земам топката. Малку го оттурнав, а тоа не смее да се случува. Видов дека го повредив, а јас не сум таков“, изјави Нето.
Тој додаде дека му се извинил повеќе пати.
„Веднаш разговарав со него и се смеевме. Му беше мило што му го дадов дресот, а јас мислам дека му се извинив барем 35 пати. Не разбрав што зборуваше на француски, но се смееше, па мислам дека сфати дека сè беше во жарот на борбата. Витиња му објасни дека јас не сум таков“, додаде фудбалерот на Челси.