Голема провокација: Барселона тешко би била меѓу шесте најдобри во Премиер лигата

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а денес познат телевизиски аналитичар, Џејми Карагер повторно ја разбранува фудбалската јавност со своја контроверзна оценка за силата на Барселона.

Англиската легенда смета дека каталонскиот гигант не би бил толку доминантен доколку се натпреварува во Премиер лигата. Според Карагер, конкуренцијата во англиското првенство е толку жестока што дури и клуб од рангот на Барселона би имал сериозни потешкотии да се пробие меѓу водечките екипи.

„Ако Барселона настапуваше во Премиер лигата, ќе имаше големи проблеми да се пласира меѓу првите шест“, изјави Карагер по натпреварот меѓу Њукасл и Барселона во Лигата на шампионите.

Неговата изјава експресно се прошири на социјалните мрежи и повторно ја отвори старата дебата околу тоа како најсилните шпански клубови би се снаоѓале во англиското првенство. Разликите во стилот на игра, темпото и физичката подготвеност често се аргументи во ваквите споредби, особено кога станува збор за европските гиганти како Барселона и Реал Мадрид, кој синоќа го совлада Манчестер Сити со убедливи 3-0.