„Мозокот“ на Вардар меѓу петте најдобри стрелци во Европската лига (ФОТО)

Ракометарите на Вардар остварија голем успех на меѓународната сцена, завршувајќи ја главната група од Европската лига на првата позиција, што им обезбедува директен пласман во четвртфиналето на ЕХФ натпреварувањето.

Македонскиот тим блескаше кога најмногу беше потребно, запишувајќи значајни победи над Бенфика дома и Мелсунген на гости. Тимот предводен од Иван Чупиќ особено се потпираше на Јака Малус, средниот бек од Словенија, кој во клучниот дел од сезоната игра фантастично. Тој не само што ја разигрува екипата, туку сè почесто и сам реализира голови.

Одличната форма на словенечкиот ас го постави меѓу петте најдобри стрелци во Европската лига досега, со постигнати 57 голови. На лидерската позиција во листата на стрелци е Аксел Менсон од Кристијанштад.