Алушовски: Без одбрана против Барселона не можете нешто да очекувате

Eкипата на Пелистер вчера претрпе убедлив пораз од Барселона со резултат 47-27, а по овој дуел беше искрен и стратегот на битолскиот состав Стевче Алушовски.

Алушовски го призна поразот и како главна причина за дебаклот ја означи играта во одбраната.

„Честитки до Барселона, беа подобри во секој аспект. Ние имавме многу бавен напад и не бевме агресивни во одбраната. Мислам дека го срушивме рекордот и на Загреб, примивме 47 гола. Кога играте против Барселона, едноставно без одбрана не може до позитивен резултат“, јасен беше Алушовски.

За Пелистер овој дуел беше и последен во Лигата на шампионите каде што битолскиот состав сезонава забележа две победи, две нерешени средби и дури десет порази.