Дончиќ магично до триумф на Лејкерс, Детроит ги уништи „жешките“, Хјустон го среди Вембанјама (ВИДЕО)
Новата ѕвезда на „езерџиите“ го заврши натпреварот со 23 поени, шест скока и седум асистенции, но публиката ја одушеви уште пред почетокот на мечот кога на загревањето погоди удар преку целиот терен со една рака. Магијата продолжи и за време на играта, кога во еден напад мина меѓу двајца чувари и подели фантастично „алеј-уп“ додавање за забивање. Покрај Дончиќ, во победничкиот табор блескаше Остин Ривс со 28 поени и девет асистенции, додека новиот стартен центар Вокер Кеслер запиша 22 поени, осум скока и три асистенции. На спротивната страна, Дариус Гарланд се истакна како нов лидер на Клиперси со 26 поени и шест асистенции, Брук Лопез постигна 22 поени, додека Дерик Џонс и доскорешниот играч на Лејкерси, Руи Хачимура, додадоа по 16 поени.
Кошаркарите на Хјустон Рокетс на гостински терен го совладаа минатогодишниот финалис, тимот на Сан Антонио Спарс (114-110). Решавачкиот момент се случи на две-три секунди пред крајот на регуларниот дел кога Ејмен Томпсон го изблокира Виктор Вембанјама, носејќи го мечот во продолжение. Спарси имаа кратко водство во секоја од четвртините, но „ракетите“ секогаш наоѓаа начин да се одлепат, стигнувајќи до својата втора победа во исто толку мечеви, додека „спарси“ останаа на два пораза. Најефикасен кај Хјустон беше Алперен Шенгун со 29 поени, седум скока и седум асистенции, Томпсон додаде 20 поени и 10 скока, а Кевин Дурент забележа учинок од 20 поени, седум скока и шест асистенции. Кај составот од Тексас, Вембанјама дојде до 25 поени и 13 скока, а Дилан Харпер додаде 20 поени.
Сигура победа на гостински терен забележа и екипата на Детроит Пистонс, која го совлада Мајами Хит (128-111). Пистонси тргнаа фуриозно со серија од 17-2, на полувреме водеа со 65-53 и не му дозволија на домаќинот да го промени текот на средбата. Џон Колинс со 23 поени го предводеше победничкиот тим, Пол Рид влезе од клупата и уфрли 19, поранешниот играч на Мајами, Данкан Робинсон, постигна 17, а Кејд Канингем 16 поени. За Детроит ова е прв старт на сезоната со две победи по 2018/2019 година, иако тимот се соочи со повреди откако Осар Томпсон незгодно падна во третата четвртина, а Џејлен Џурен одигра само десет минути поради проблем со бутниот мускул.
Одбраната на „жешките“, пак, бележи историски лоши резултати, примајќи дури 259 поени во првите два натпревари. Јанис Адетокумбо блескаше во дресот на Хит со 36 поени и 12 скока, Давион Мичел постигна 18, Боби Портис Џуниор додаде 11, додека Никола Јовиќ за 14 минути запиша пет поени, четири скока и една асистенција. За Мајами ова е осми пат во 39-годишната историја да ја отвори сезоната со два пораза, а воедно и првпат Адетокумбо да ги одигра првите два меча во сезоната со два пораза на својот тим.
РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Њујорк 107-103, Шарлот – Атланта 81-128, Индијана – Далас 105-121, Орландо – Минесота 93-115, Вашингтон – Торонто 102-112, Мајами – Детроит 111-128, Сан Антонио – Хјустон 110-114, Јута – Њу Орлеанс 120-119, Г. Стејт – Мемфис 108-111, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 125-117, Сакраменто - Портланд 120-128.