Тоа е „моќната“ Премиер лига: Од шест екипи, ниедна не победи, а примија - 16 гола

Пред се поради големите пари што се вртат, многумина се на мислење дека Премиер лигата е најсилна, а клубовите што играат таму се најмоќни во Европа.

Во реалноста тоа не е така бидејќи претходните две години немаше премиерлигаш во Лигата на шампионите, а не е исклучено оваа сезона да нема тим од Англија уште во четвртфиналето. Од шест екипи стигнаа меѓу 16. најдобри, претходните два дена не победи ниедна од нив.

Клубовите од Премиер лигата остварија два тенки нерешени резултати и дури четири порази од кои три со по три разлика при што два тима примија дури по пет гола. За честа на англиските претставници се погрижија Арсенал кој ремизираше против Баер во Леверкузен и Њукасл кој, интересно, беше најблиску до победата иако единствен беше аутсајдер, против Барселона. Светскиот клупски шампион доживеа дебакл од ПСЖ со 2-5, идентично загуби Тотнем од Атлетико, а можеби најлошо помина скапиот Манчестер Сити кој не му даде ни гол на Реал и дозволи катастрофа со 0-3.

Секако дека ова ништо не значи бидејќи претстојат реваншите, но веројатно никој не очекуваше ваков дебакл и гол разлика 6-16.