Шошкиќ го надрасна сегашниот тим - ќе бара поквалитетен универзитет (ФОТО)
По само една сезона помината во дресот на Сивулфс, денеска тој се заблагодари на сите во тимот и во исто време се збогува од нив.
„Благодарен сум за времето поминато на Стони Брук и на сите што беа дел од ова мое патување - тренерите, соиграчите, соработниците и цела заедница која ми даваше поддршка. По внимателна анализа, одлучив да побарам нов предизвик и да почна нова етапа во кариерата“, објави Шошкиќ.
Играчите во НЦАА можат да почнат да преговараат со други универзитети од 7 април, а нашиот плејмејкер веќе има неколку варијанти за продолжување на кариерата.