Напаѓач на Брегот на Слоновата Коска остана без виза за Канада!

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска остана без напаѓачот Ели Вахи за дуелот против Германија на Светското првенство (СП), поради тоа што не добил дозвола за влез во Канада.

Според информациите на „Атлетик“, властите му ја одбиле визата поради истрагата поврзана со наводно местење на натпревар.

Ваи е под истрага дека намерно добил жолт картон на мечот меѓу Ница и Мец во мај, поради што француската лига отвори истрага за случајот.

Интересно е тоа што фудбалерот настапи на првиот натпревар на Мундијалот, но дефинитивно неговото отсуство ќе биде проблем за Брегот на Слоновата Коска за мечот против Германија.