Канада доби големо засилување за дуелот со Катар

Фудбалската репрезентација на Канада доби одлични вести пред вториот меч на Светското првенство (СП), откако беше потврдено дека капитенот Алфонсо Дејвис се враќа на теренот и ќе заигра против Катар.

Дејвис се рехабилитирал од повредата, поради која го пропушти мечот против Босна и Херцеговина (1-1), па сега ќе може да им помогне на своите соиграчи во борбата за победа.

„Оваа недела беше на тренинг, а ќе биде достапен за дуелот против Катар“, кажа селекторот на Канада.

Натпреварот меѓу Канада и Катар ќе почне на полноќ во Ванкувер.

Фото: Facebook/Canada Soccer