Реал е решен да ги заборави фрустрациите од Барса - подготви 220 милиони евра за Олисе
Според шпанските медиуми, таа ќе изнесува 220 милиони евра и ако трансферот се оствари, поскап од Олисе ќе биде само Нејмар кој во 2017 година се пресели од Барселона во ПСЖ за два милиона повеќе. Сите овие луди најави за трансфери се производ на фрустрациите што Реал ги доживеа последните две сезони од Барселона од која загуби шест од вкупно седум натпревари, а остана и без трофеј.
Вчера беше објавено дека мадридскиот клуб подготвил 150 милиони евра за Енцо Фернандес, веќе е купен Кукуреља за 60 милиони и најавен е Думфрис за околу 25 милиони. Ако се остварат сите овие трансфери, Реал ќе достигне сума од 450 милиони евра за нови фудбалери, плус Конате и Бернардо Силва кои начелно се бесплатни, но за нив се исплатени богати бонуси од над 20 милиони евра. Заедно со ланските 168 милиони евра за засилувања, тоа се безмалку 620 милиони евра за фудбалери со кои ќе располага Мурињо.
Од Баерн тврдеа дека нема шанси да го продадат Олисе, но тоа беше кога постоеја шпекулации дека Реал ќе понуди 150 милиони. Дали ќе останат на истиот став и со 220 милиони, ќе се знае наскоро.