Уапсен Илчо Ѓорѓиоски за финансиски малверзации додека бил прв човек на ФФМ!

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), е приведен во акција на Обвинителството за гонење на организиран криминал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, ни потврдија од Обвинителството. 

Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, од рано утрово се спроведува акција на повеќе локации, се вршат претреси, а во рамки на оваа акција е приведен и поранешниот претходник на македонскиот фудбал. 

Заедно со него е приведена и Олгица Младеновска, задолжена за финансиии за време на неговиот мандат, како и уште десетина други лица, кои се сомничат за финансиски малверзации со кои бил оштетен буџетот на Куќата на фудбалот.

Ова е нов голем шок, поради тоа што во кус период и втор поранешен предводник на македонскиот фудбал е притворен поради сериозни обвинувања за финансиски криминал. Пред нешто помалку од два месеци притворен беше Муамед Сејдини, обвинет за проневера на 700.000 евра, донација од УЕФА за изградба на трибина на стадионот во Охрид.