Јасухира беше МВП и му донесе трофеј на Бурган во Азија!

Тимот на Косуке Јасухира, Бурган од Кувајт ја освои титулата на Азиското клупско првенство откако во финалето славеше против Ал Калиџ со 34-32, а токму Јапонецот беше најзаслужен за освоениот трофеј.

Јасухира сосема заслужено го доби признанието за МВП на турнирот, посебно блесна во финалето во кое постигна девет гола, подели шест асистенции и изнуди три седмерци.

Исто така тој е и ракометарот со најмногу асистенции на турнирот (27), додека помеѓу стрелците заврши како четврти со 36 постигнати голови.

За Јасухира ова е само продолжување на добрата форма со која настапуваше во дресот на Охрид каде што беше помеѓу најдобрите во сезоната во која македонскиот тим триумфираше во ЕХФ Европскиот куп.