Растодер: Горд сум што го дадов првиот гол за Македонија!
Растодер не крие дека е горд што го постигнал првенецот во националниот дрес.
„Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава. Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, реча напаѓачот на Панатинаикос.
За три дена Македонија ја очекува нов предизвик против Словенија на домашен терен.