Холандија со „седмица“ ја испрати Грција, Германија подобра од Србија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Холандија одиграа фантастичен натпревар и ја декласираа Грција со убедливи 7-0 во петтото коло од Лигата на нациите.

Херој на „лалињата“ беше Тијани Рејндерс, кој постигна три гола во периодот од 12. до 33. минута. Претходно Сомервол го отвори резултатот во шестата минута, а до паузата погоди и Тимбер за огромни 5-0.

Грците успеаја да ја затресат мрежата преку Јоанидис, но по интервенција на ВАР погодокот беше поништен поради играње со рака.

Во вториот дел Холандија не застана. Тимбер го постигна својот втор гол во 59. минута, а само три минути подоцна Мален ги постави конечните 7-0.

Со оваа победа Холандија стигна до 11 бода и го обезбеди првото место во групата пред последното коло. Грција и Германија имаат по осум бода, но Грците се втори поради подобриот меѓусебен скор, додека Србија е последна без бодови.

Во вторито натпревар од Лигата А кој се играше вечерва Германија на гости ја совлада Србија со 3-1. Стрелци за Германците беа Вирц и Груда, додека еден автогол си постигна Бабиќ кој во вториот дел ја погоди и мрежата на Германија за да го ублажи поразот.