Грците пред катастрофа во Холандија: Рејндерс им даде хет-трик за 22 минути! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Грција која досега играше одлично во Лигата на Нации вечерва е пред вистинска катастрофа на гости кај Холандија.

По 40-тина минути игра Холанѓаните постигнаа дури пет гола, а три беа дело на Тијани Рејндерс. Самервил го отвори резултатот по само шест минути игра за потоа Рејндер да стрела во 12-тата, 18-тата и 33-тата минута. Петтиот го постигна Тимбер.

Инаку Грција до вечерашниот натпревар во првите четири средби беше без пораз со две победи и две ремија. Во првиот дуел со Холандија на свој терен одиграа 2-2.