Утре во Брага сè ќе биде во знакот на Роналдо и неговата „седумка“
Фудбалскиот сојуз на Португалија потврди дека ќе му биде оддадена почит на еден од најголемите фудбалери во историјата на националниот тим.
Во сабота, пред натпреварот од Лигата на нациите против Данска, на стадионот „Муниципал де Брага“ ќе биде организирана специјална церемонија за досегашниот капитен.
Сите фудбалери кои ќе бидат во составот за натпреварот ќе излезат на теренот со дресови на кои ќе биде испишан легендарниот број 7, кој Роналдо го носеше во текот на својата репрезентативна кариера.
Како што пренесува португалскиот весник „А Бола“, одлуката била донесена на состанок меѓу раководството на Фудбалскиот сојуз и стручниот штаб. Претседателот Педро Проенса разговарал со селекторот Жорж Жезус, како и со најискусните репрезентативци, меѓу кои Бернардо Силва, Рубен Дијаш и Бруно Фернандеш.
Посебен момент се очекува во седмата минута од натпреварот, кога навивачите ќе станат и со громогласен аплауз ќе му оддадат почит на фудбалерот кој со години беше предводник на националниот тим.
Но, Португалците подготвиле и уште еден симболичен гест. Во тренинг-центарот „Сидаде до Футебол“ ќе остане празна собата која Роналдо ја користел за време на репрезентативните