Пораз во Глазгов: Македонија конечно погоди, но „игравме“ само 45 минути! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонија вечерва ја прекина црната низа без постигнат гол, но сепак загубивме шести пат во ниа, Шкотска на „Хампден парк“ се радуваше со 2-1.

Изгледаше добро нашата репрезентација од првата минута и се закани преку Дориев уште на почетокот, но сепак неговиот удар не одеше во рамките од голот. Тој момент како да беше предупредување за домашната селекција која заигра подобро во наредните минути и ја презема контролата.

Сепак, првиот дел не донесе погодоци, кај нас најмногу се истакна Димитриевски со неколку одлични интервенции. На стартот од вториот дел Гилмор можеше да донесе веднаш водство за Шкотска, меѓутоа не реализираше на празен гол.

По таа голема прилика и се затресе нашата мрежа, Мекгин во 54-тата минута на асистенција на Адамс го отвори резултат. Но, тој гол не ја откажа нашата репрезентација од намерата да остане непоразена, Растодер само три минути подоцна по еден корнер на Барди израмни на 1-1 и така ја прекина нашата црна низа во која 323 дена бевме без погодок.

 

 

Но, тој гол не беше доволен да го избегнеме поразот, главниот судија Оченаш досуди пенал на 15-тина минути пред крајот по еден дуел на Димитриевски, а Мекгин го реализираше за 2-1 и победа на домашната репрезентација.

Така нашата добра игра во второто полувреме остана не наградена и позитивен резултат ќе бараме против Словенија за три дена на домашен терен.