Дориев: Покажавме карактер, првата победа е можна веќе и против Словенија!
Дориев им честиташе на неговите соиграчи и изрази задоволство од постигнати гол.
„Сакам да им честитам на момците одигравме квалитетен натпревар, но за жал спортот е тоа, но мораме да се радуваме што конечно дојде тој гол. Среќни сме и за Растодер и за сите, нема многу што да се каже, сега одиме напред.
Ни недостасува самодоверба, мислам дека полека ни се враќа. Фудбалерите веќе имаат минутажа во клубовите и тоа се чувствува на секој натпревар. Верувам дека сме на добар пат, знам дека е лошо, пораз е пораз, но ние најмногу сакаме да победиме. Убеден сум дека сме на добар пат, сигурно ќе дојде и тоа“, изјави Дориев.
Смета дека веќе против Словенија за три дена конечно можеме да се израдуваме на победа.
„Ние играме под притосок, тактички стоиме добро, покажавме карактерт по 1-0 не се дадовме и тоа ми дава мотив дека има нешто оваа репрезентација и тоа само треба да покажеме. Се надевам и верувам ќе се израдуваме со Словенија“, истакна македонскиот напаѓач.