"На секого може да му се случи лош меч, па дури и на Елиф Елмас"

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва загуби од Шкотска со 2-1, а еден од најнезабележителните на теренот беше Елиф Елмас кој одигра под своето ниво.

Иако во последниот период Елмас фати ритам и постигнуваше голови за Аталанта, вечерва едноставно не му одеше, а и првиот гол кој го прими Македонија беше по негова грешка.

„На секого му се случува лош ден, така и на Елмас, сакав да го заменам уште кога примивме гол, па веднаш израмнивме. Знаеме како игра, се врати и во Аталанта во ритам. Сите знаеме колку значи за оваа репрезентација. Повеќе не би можел да кажам“, изјави Седлоски на прес-конференцијата.