Столе: Ние никогаш не би добиле ваков пенал!

Столе Димитриевски и во вечерашниот пораз на Македонија беше еден од најдобрите на теренот и имаше неколку одлични интервенции.

И Димитриевски истакна дека е добро тоа што Македонија вечерва конечно постигна гол.

„Бевме компактни и доби во првите десетина минути, а потоа имавме ситуации во кои одигравмер исто така добро и го искористивме тоа што го работевме на тренинзите. Во второто полувреме добро дојде тој гол што долго го баравме.

Кога е пеналот во прашање според Димитриевски ситуацијата била 50-50.

„Пеналот можеше да оди на било која страна, едноставно јас ја собрав топката и ногата ми беше таму, не можам да исчезнам. Тоа е за жал, секогаш во такви ситуации добива другата страна, ние никогаш не би добиле таков пенал. Следниот натпревар е со Словенија и одиме да покажеме дека можеме да се надигруваме со секого.