Кошаркарите на Њујорк морале 10 недели да немаат секс за да станат НБА шампиони!

Ѕвездата на Њујорк Никс, Карл-Ентони Таунс, откри интересен детал од шампионската сезона на клубот, раскажувајќи за необичниот совет што играчите го добиле од сопственикот Џејмс Долан.

Тој во емисијата „Хауард Стерн шоу“ раскажа дека газдата на клубот во екот на плејофот им предложил на кошаркарите десет недели целосно да се посветат на кошарката, па дури и да се откажат од секс со своите сопруги и партнерки, верувајќи дека таквата дисциплина може да им донесе дополнителна предност во борбата за титулата.

„Кога се вратив дома и ѝ кажав на мојата свршеница што предложил сопственикот, а таа дефинитивно не беше воодушевена“, изјави Таунс низ смеа, јасно алудирајќи дека не го следел советот.

Приказната првпат стана јавна преку подкастот на кој Џејлен Брансон и Џош Харт открија дека Долан им одржал мотивациски говор во кој ги споредил со спартанските воини, нагласувајќи дека дисциплината, самоконтролата и откажувањето од сексот можат да бидат дополнителен фактор на патот до шампионскиот прстен. Сопственикот дури им ветил и дополнителна награда – доколку Никс ја освојат титулата, клубот ќе обезбеди шампионски прстени и за сопругите и партнерките на играчите како компензација за „сушниот период“.