Маркез доминантно до триумф на спринтот во Германија (ВИДЕО)

Марк Маркез беше неверојатен на спринтот во Германија и успеа да оствари нов триумф на патеката, откако беше побрз од Алекс Маркез и Фабио Ди Џанантонио.

Маркез тргна одлично на стартот, а зад него беше Алекс, додека Ди Џанантонио успешно го држеше третото место.

Спринтот не донесе промени на табелата, па така Хорхе Мартин остаснува прв со 197 бодови, 11 поени помалку има Марко Бецеки, додека Ди Џанантонио е трет со 184 бода.