Лазаров емотивно: Сѐ што правам, правам бидејќи ја сакам Македонија (ВИДЕО)
Во интервју за порталот Балкан хандбал, легендарниот ракометар посочи дека со сите сили се обидува да го одржи македонскиот ракомет во живот и дека тоа му е единствената цел.
„Да не сум Македонец, немаше да се вратам во Македонија. Може некој да каже дека сум ваков, таков или онаков, но не може да ми го оспори тоа што сум го направил македонскиот ракомет. Играчка кариера од 25 години и веќе работам 5-6 години како тренер, повторно за македонскиот ракомет со млади категории, со сениори, го туркам македонскиот пракомет, за да ја обновиме генерацијата и да не се почувствува пад и за среќа не се почувствува. За тоа барам респект и почит бидејќи се вратив и прифатив да влезам во овој хаос, но тоа го работам бидејќи ја сакам Македонија“, рече Лазаров.
Тој ја заврши играчката кариера во 2022 година и веднаш го презеде Алкалоид, а една година претходно, додека уште беше активен ракометар, стана селектор на македонската репрезентација.