Епски дебакл на Селтик - имаше четири гола предност, а нема да ја види ЛШ (ВИДЕО)
Пред своите навивачи, ЛАСК славеше со 5-1 по продолжение откако по 90 минути игра, резултатот беше 4-1. Сето ова не би било нималку чудно ако се знае дека Селтик имаше 3-0 од првиот натпревар на домашен терен и водство од 1-0 вечерва, благодарение на голот на Мекгрегор во 21. минута.
ЛАСК не се предаде и во 32. минута преку Мозес Усор израмни. Грешката на Бенџамин Нигрен беше казнета, а домаќините добија дополнителна енергија и верба дека можат да направат чудо. Во второто полувреме следуваше целосна офанзива на австрискиот тим. Роберт Љубичиќ во 48. минута погоди за 2-1, а само десет минути подоцна Семјуел Аденјиран го постигна третиот гол за ЛАСК.
Селтик целосно се повлече, а ЛАСК продолжи да напаѓа. Домаќините создаваа шанса по шанса и постојано ја загрозуваа голманската мрежа на гостите. Притисокот конечно вроди со плод во судиското продолжение. Во 91. минута Флоријан Флекер реагираше најдобро по одбранетиот прв удар и го постигна голот за 4-1, со што мечот влезе во продолженија.
Во дополнителните 30 минути темпото беше нешто поспоро, но Селтик не успеа да најде начин да го прекине налетот на домаќинот. ЛАСК ја контролираше играта и покажа дека целосно го заслужува историскиот успех. Голот за пласман во Лигата на шампионите го постигна Адениран во 109. минута, а истиот фудбалер, шест минути подоцна промаши пенал со кој можеше да го дотепа противникот.
Пласман во Лигата на шампионите обезбеди и ланската сензација Бодо кој и на реваншот го победи НЕК, овојпат со 3-0 и со вкупни 6-1 отиде во главната фаза.