Димитриевски капитулираше во 83. минута, Валенсија го доживеа првиот пораз (ВИДЕО)
Повеќе од 70 минути натпреварот беше исклучително здодевен, без многу шанси за гол, но во финишот двете екипи се разиграа. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски немаше многу работа, но и тоа што требаше, добро го одработи, но не издржа.
Во 83. минута, Пабло Гарсија доби топка од Фран Гарсија и го совлада Димитриевски за втора победа и максимален ефект за Бетис по две одиграни кола.
Валенсија се уште го чека првиот постигнат гол во новата сезона, додека мрежата на Бетис уште не се затресла иако тимот од Севиља досега пствари две минимални победи.