Трагедија: Почина 25-годишен фудбалер по враќање од Мундијалот

Шокантна вест пристигнува од Јужна Африка дека репрезентативецот Џејден Адамс починал на 25-годишна возраст, и тоа само неколку денови по враќањето од Светското првенство (СП).

Адамс настапи на три натпревари на Мундијалот, во групната фаза, а веста за смртта го потврди неговото семејство, како и Фудбалскиот сојуз на Јужна Африка.

Засега не е позната причината за неговата смрт, иако се појавија различни шпекулации во медиумите од Јужна Африка.

„Семејството не сака да открива повеќе детали. Заминувањето на Џејден нè уништи сите, само што се врати од Мундијалот. Во четвртокот зборувавме за последен пат, беше расположен, не знам што да кажам повеќе“, кажа неговиот ментор Брендин Џонсон.

Фото: Bafana Bafana