Легендарна тенисерка завршила со скршена брада и без два заба пред Вимблдон (ФОТО)

Поранешната деветта тенисерка на ВТА-листата, легендарната Коко Вандевеге доживеала тешка несреќа на пат кон Вимблдон, каде што била ангажирана како стручен консултант и коментатор за „ЕСПН“.

Американката реши јавно да зборува за драматичниот инцидент и искуство низ кое морала да помине.

„Во вторникот, додека се движев кон комплексот на Вимблдон, ми се случи неочекувана несреќа и тежок пад. Притоа завршив со скршена брада и заби“, открива таа.

Бившата тенисерка морала итно да биде оперирана, по што следи рехабилитација.

„Беше страшно искуство, но благодарна сум што ми се тргнати конците по операцијата. Добив нови заби само неколку денови подоцна и сега сум на рехабилитација“, кажа поранешната тенисерка.