Шок за Белгија: Куртоа сака привремено да се повлече од репрезентацијата!

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа не го заврши натпреварот против Шпанија (1-2) поради повреда, но по поразот кажа дека можел да остане на теренот, меѓутоа селекторот донел поинаква одлука.

Куртоа очигледно не е среќен во репрезентативниот дрес и соопшти дека планира привремено да се повлече од селекцијата, односно да земе пауза од една година.

„Сакам да одморам една година од репрезентативниот дрес, а потоа да играм во квалификациите за Европското првенство. Сепак, не знам дали Белгија би се согласила на такво нешто“, кажа Куртоа.

Фото: Facebook/Belgian Red Devils