Стравичен пад на Бецеки на квалификациите во Германија (ВИДЕО)

Италијанскиот возач Марко Бецеки доживеа тежок пад за време на квалификациите за Големата награда на Германија, при што ја скршил левата клучна коска.

Бецеки изгубил контрола врз мотоциклот и доживеал тежок пад, по кој бил испратен во болница, каде што било утврдено дека има скршеница и мора да оди на операција.

„Се надеваме на добри вести за Бецеки. Повеќе информации ќе објавиме наскоро“, соопштија од неговиот клуб.

Освен падот на Бецеки, квалификациите ги одбележа одличниот Марк Маркез кој ќе тргне од пол-позиција на трката.