Алкараз повторно на терен по четири месеци: Се чувствувам феноменално
Алкараз последен пат одигра официјален меч во април, по што поради повреда на десниот зглоб мораше да направи подолга пауза. Поради проблемите со повредата тој пропушти неколку важни турнири, а неговото враќање во пресрет на последниот гренд слем турнир во сезоната беше со големо внимание.
„Навистина се чувствувам феноменално. Иако загубивме, фактот што играв со Серена е неверојатно чувство“, изјави Алкараз по настапот.
Посебно внимание привлече неговото партнерство со легендарната Серена Вилијамс. Двајцата остварија по една победа и еден пораз, што Алкараз го искористи и за шега со Американката. Кога Серена констатирала дека победиле во еден, а загубиле во друг меч, Алкараз духовито одговорил: „Значи, игравме нерешено“.
Сепак, резултатот во овој случај беше во втор план. Егзибицискиот настап пред сè беше можност за Алкараз да почувствува како реагира неговото тело по долгата пауза и постепено да го врати натпреварувачкиот ритам. Сега главното прашање е дали Шпанецот ќе биде целосно подготвен за напорите што ги носи гренд слем турнирот. Доколку зглобот без проблеми ги издржи зголемените оптоварувања, Алкараз повторно може да биде еден од главните кандидати за висок пласман.