Украинка напушти клуб во САД откако пристигна Русинка
Од Универзитетот и тренерката Ким Малки, сепак, соопштија дека кошаркарката си заминува од „лични причини“, избегнувајќи директно да го поврзат нејзиното заминување со ангажманот на руската играчка.
Ковал е родена во Киев, а нејзиниот татко во моментов се бори во редовите на украинската армија како оператор на дрон.
Тренерката Малки призна дека разговарала со Ковал пред да ја ангажира Минаева, но нагласи дека како професионалец не може да одбие играчка само поради конфликтот меѓу двете држави.
Малки претходно изрази надеж дека двете млади кошаркарки би можеле да бидат „амбасадорки на мирот“. Сепак, очигледно е дека ситуацијата за украинската кошаркарка била премногу чувствителна.
Ковал минатата сезона беше важен дел од тимот, со просек од 8,3 поени и 6,3 скока по натпревар.
Фото: NCAA