Нова радост за Тиквеш: Сила со два гола и асистенција го уништи Башкими!

Фудбалерите на Тиквеш продолжија со добрите настапи во Првата лига, па така денеска славеа со 3-1 против Башкими во 11. коло од шампионатот.

Тиквеш ја контролираше играта во првото полувреме, но не успеа да постигне гол, но затоа во вториот дел дури три пати ја тресеше мрежата на гостите.

Ѕвездата на кавадарчани, Сила само што влезе во игра ја затресе мрежата на Башкими за водство од 1-0, а потоа следеше и негов втор погодок.

Сила беше главен и при трет гол на Тиквеш, откако асистираше за предност од 3-0, по што Башкими до крајот на средбата преку Лимани намали на 1-3.

Тиквеш по 11 одиграни меча има 20 поени на четвртата позиција, додека Башкими е претпоследен со седум бодови.