Интер се извлече од бездна: Турам и Зиелински ја шокираа Фиорентина (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер ја совладаа Фиорентина со 2-1 во осмото коло од Серија А, иако актуелниот шампион до самиот финиш на средбата беше пред пораз.

Интер доминираше во првото полувреме и испрати девет удари кон противничкиот гол,, но ниту еднаш не ја затресе мрежата на Фиорентина.

Казната пристигна во 65. минута кога Алехандро Санчез Хименез погоди за водство од 1-0 на гостите од Фиренца, по што Интер тргна уште пожестоко во нападот.

Постојано се создаваа нови шанси, но никако домашниот тим не успеваше да постигне гол. Сепак, конечно нападот проработе во судиското надополнување, па прво Турам во 91. минута стрелаше за 1-1, а потоа Зиелински од пенал погоди за целосен пресврт.

Интер по осум одиграни меча има 22 бодови, колку и Лацио, додека Фиорентина има четири освоени поени.

Фото: Facebook/Inter