Младите фудбалерки со пораз од Грузија ги почнаа квалификациите за ЕП
Грузија постигна гол за водство од 1-0 преку Гоголаѕе во 24. минута, додека 13 минути подоцна Гугулашвили погоди за 2-0.
Спасовска ја намали негативата на 1-2 со погодок во 50. минута, но потоа Каранфиловска со автогол ги постави конечните 3-1 за Грузија.
Македонија следниот меч го игра на 28 октомври од 14 часот против Луксембург, додека на 31 октомври од 13 часот ќе се соочи против Велс.