Македонските кадетки со гол во последна секунда ја нокаутираа Грција!
Грција имаше водство на стартот на мечот со 4-2, но потоа македонските ракометарки направија целосен пресврт (10-7) пред крајот на првиот дел.
Македонија ја чуваше предноста во вториот дел, иако Грција постојано се обидуваше да израмни, и тоа конечно ѝ успеа во 57. минута (22-22).
Голема драма следеше во завршните секунди од мечот. По голот на Цимура за израмнување на 23-23, Јусуф во последната секунда пред крајот ја затресе мрежата на домаќинот за победа од 24-23 на Македонија.