Голеада во Гостивар: Брегалница во 92. минута го расплака Арсими!
Арсими постигна гол за водство од 1-0, но набрзо Брегалница израмни преку Стефан Коцев (1-1). Гостите од Штип постигнаа и втор гол преку Иван Глигоров и стигнаа до целосен пресврт (2-1) во 40. минута.
Брегалница постигна и трет гол во 52. минута преку Виктор Велкоски, но Арсими не се предаде, па за само пет минути успеа да ја анулира негативата (3-3).
Натаниел, сепак, успеа да ги израдува гостите со гол во 92. минута со што им донесе три бодови на тешкото гостување во Гостивар.
Брегалница е на седмата позиција во лигата со 13 бодови, додека Арсими има три поени помалку на осмото место во лигата.
Фото: Facebook/Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica