Пресврт пред „Ел Класико“: Куртоа, сепак, ќе отпатува во Барселона!?

Белгискиот голман Тибо Куртоа требаше да отпадне од комбинација за настап во „Ел Класико“, но шпански „АС“ пишува дека ситуацијата се променила.

Иако првично беше објавено дека Куртоа ќе го пропушти мечот поради грип, сега постои можност тој сепак да ѝ се приклучи на екипата на Реал Мадрид во Барселона.

Состојбата на првиот голман на „кралевите“ ќе се следи будно од час во час, а доколку се почувствува подобро, тогаш би можел да биде присутен на „Ел Класико“.

Доколку не се случи чудо со Куртоа, се очекува меѓу стативите да застане Украинецот Андриј Лунин.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.