Правилото на Руди Гарсија кое Белгијците ги чинеше елиминација од Мундијалот

Репрезентацијата на Белгија ѝ пружи силен отпор на Шпанија во четвртфиналето од Светското првенство и малку недостасуваше да го повтори успехот од 2018 година кога го освои третото место.

Трагичар на „црвените ѓаволи“ беше резервниот голман Сене Ламенс кој направи кардинална грешка во 88. минута и му овозможи на Микел Мерино да го постигне победничкиот гол. Ламенс влезе во игра во 71. минута на местото на повредениот Тибо Куртоа кој по мечот ја шокира јавноста, изјавувајќи дека можел да остане на голот бидејќи болките на квадрицепсот не биле толку големи. И голманот на Реал бил изненаден од замената, но селекторот Руди Гарсија на прес-конференцијата откри свое правило кое стриктно го почитува секогаш кога ја води репрезентацијата.

„Не сакавме да ја влошиме повредата на Куртоа и нималку не жалам за мојата одлука. Од почетокот на ова Светско првенство одлучив да играат само фудбалери кои се 100% поддготвени и истото важи и за Тибо. Во текот на целиот натпревар тој беше одличен, неговите долги додавања кон Де Кетеларе создаваа опасност по противникот и штета е што не успеа да го доигра мечот поради повредата на мускулот. Морав да го заменам бидејќи во тие моменти тој не беше 100% подготвен, а на вакви натпреварувања тоа е задолжително“, објасни Гарсија.

Белгија го доживеа првиот пораз на Мундијалот и прв по пауза од 16 месеци бидејќи последен беше совладана од Украина на 20 март 2025 година, во рамките на Лигата на нации.