Поради пласманот во полуфиналето на СП, првото коло во Ла Лига ќе се игра подоцна

Безмалку цело прво коло од новата сезона во шпанското првенство ќе биде одложено поради пласманот на „фуријата“ во полуфиналето на Мундијалот.

За некои екипи (Барса и Реал), одложени беа натпреварите уште кога Франција се пласира меѓу четирите најдобри бидејќи тоа значи дека фудбалерите од оваа селекција ќе останат на Светското првенство до последниот ден. Синоќа, кога и Шпанија ја победи Белгија, стана јасно дека ќе мора да се одложат и други натпревари бидејќи во „фуријата“ има играчи и од Сосиедад, Селта, Осасуна, Атлетико и Атлетик Билбао.

Според правилата на ФИФА, сите фудбалери имаат право на најмалку тринеделен одмор по завршувањето на сезоната, а нејзиниот официјален крај ќе биде по финалето од Светското првенство. Мечот за титулата се игра на 19 јули, а новата сезона во Ла Лига беше планирано да почне на 16 август.

Тоа е премалку време за подготовки за фудбалерите и затоа претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас уште во текот на оваа недела изјави дека нема да биде проблем натпреварите од првото коло да се играат десетина дена подоцна, односно меѓу второто и третото.